Друштвото за градежништво, производство, трговија и услуги БЕРОВИЌ ДООЕЛ Скопје е градежна компанија, основана во 2009 година како семејна компанија.
Друштвото првично започна со работа со неколку машини и вработени, но со текот на работата и развој денес БЕРОВИЌ ДООЕЛ располага со голема градежна механизација и брои околу 20 вработени.
Претежната дејност на Друштвото БЕРОВИЌ е изведување на работи од областа на нискоградба т.е патна инфраструктура и ископи.
Нашата визија е да обезбедиме квалитет со кој ќе се задоволат потребите нa клиентите.
Мисијата на БЕРОВИЌ е да изградиме долгорочни врски со нашите клиенти обезбедувајќи ефективна и квалитетна услуга.
Нашата цел е регионална експанзија во градежната област и стекнување на повеќе клиенти.